ВМРО-ДПМНЕ ветува помагање на спортот со 50 милиони евра

од Nikola Popovski

Денеска сме повторно во Бутел, навистина ми е драго кога доаѓам да видам што се работи во општината Бутел. Дарко е познат по спортски терени, по нови проекти и навистина ми е чест и задоволство. Денеска да сум заедно со кандидатите за пратеници тука од Бутел и можеме да видиме уште еден увид на активностите, а тоа е нов спортски комплекс тука во Љуботенски пат. Дарко тоа го вети и тоа го исполнува, но освен овој комплекс, Дарко има веќе преку десет комплекси, спортски сали, терени насекаде во Бутел, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Според него, за еден месец ќе се започне уште два-три нови спортски терени.

-Навистина, вака се сака Бутел, вака се сака Македонија со многу работа, со многу труд. И затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма ставивме дека директно ќе го помагаме спортот и тоа во наредните четири години 50 милиони евра директно ќе одвоиме од буџетот за да помагаме за спортот, за инфраструктурата во спортот, се разбира и за се она што значи да го кренеме спортот на едно повисоко ниво, додава Мисајловски.

Слични содржини