ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од избори и од референдум

од Берта Китинска

Предавникот Ковачевски знае дека народот е против бугаризацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување и на избори, и на референдум. Тој само се грижи за својата фотелја и како ден повеќе да остане на власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија смета дека референдумот е најдобар начим да се слушне ставот на народот, а власта не смее да го заложува целиот народ, идентитет, историја и јазик.

Интеграцијата во ЕУ треба да се случи под достоинствени критериуми, како што било пракса со сите држави кои до сега станале членки. Македонија и македонскиот народ не треба да бидат дискриминирани и асимилирани во тој процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини