ВНИМАВАЈТЕ: Змии се појавија во Тетово– интервенираат пожарникарите

од Берта Китинска

Тетовските пожарникари информираат дека на територијата на општината и околината, неодамна. особено со почетокот на мај и со порастот на температурите се извршиени неколку интервенции, за фаќање на влекачи (змии), за заштита на граѓаните од нив.

-Апелираме до граѓаните да внимаваат при појавување на влекачи (змии), и да не преземаат погрешни чекори, малтретирајќи ги, туку едноставно да се пријават во НЈТКЗ – Тетово или на телефонскиот број 193, а ќе ги спроведеме интервенција, посветена на граѓаните 24/7, вели Ука Алити, командант на тетовската територијална противпожарна единица.

Слични содржини