Бразилската полиција уапси еден од најбараните италијански бегалци, шефот на кланот „Ндрангета“, Роко Морабито, познат како „крал на кокаинот во Милано“.

Морабито е еден од најбараните бегалци во Италија од 1994 година, а беше уапсен на местото на Жоао Песоа на североисток од земјата, пренесува Би-Би-Си.

Морабито беше уапсен вчера во хотел, како и уште двајца странци, меѓу нив и Италијанец, соопшти бразилското Министерство за правда.

Во соопштението се наведува дека Морабито се смета за втор најбаран криминалец во Италија, а „Ндрангета“ една од најголемите и најмоќните криминални банди во светот.

Според Анса, апсењето е извршено како дел од заедничката акција на бразилските и италијанските безбедносни служби, американската агенција за борба против дрога / ДЕА / и Федералното биро за истраги / ФБИ /.

Тој беше осуден пред судот во Италија во отсуство на 30 години затвор.Морабито претходно беше уапсен во Монтевидео во 2017 година во хотел. Тој и уште тројца затвореници успеаја да избегаат од затворот откако во 2019 година направија отвор во покривот.

Се верува дека Ндрангета контролира испорака на големи количини на кокаин во Европа од Јужна Америка и други области.

На почетокот на годината, стотици осомничени членови на „Ндрангете“ се појавија на суд како дел од најголемата тужба против мафијата во Италија во последните неколку децении.

 

Слични содржини