Во четврток исплата на јануарските пензии

од Stefanija Kuzmanovska

Во четврток (01.02.2024 година) започнува исплатата на јануарските пензии за над 330.000 пензионери.

Некои од банките, како и претходно, се очекува да ги исплатат пезниите ден или два порано.

Покрај пезниите, пензионерите со пониски пезнии се уште добиваат дополнителна финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари.

Следното покачување на пензиите ќе биде веќе во март оваа година, по што од први април, сите пезнионери ќе добиваат повисоки пензии, а конкретниот прецент ќе се знае кон крајот на месец февруари.

Слични содржини