Во дебарскиот Ковид центар работат само 4 лекари

од desk4

Во Дебар е алармантна е состојбата со Ковид – 19. Во Ковид центарот на болницата кој е полн работат само 4 лекари. Здравствените власти од таму потврдуваат дека 30 хоспитализираји пациенти се во тешка здравствена состојба.
„Капацитетите на болницата во последно време се максимално искористени и имаме проблем во обезбедувањето на слободни легла бидејќи постојано имаме нови пациенти, пациенти со ниска сатурација, има пациенти на кои сатурацијата им е под 50, 47 и поради неможноста за транспорт, ги третираме тука. Моментално сме премногу изморени, јас сум и одговорен и работам со млади колеги кои дипломирале но стекнале убаво искуство со ковид пациентите“, истакна Сафедин Дука.
Според Дука доколу Дебар го опфати нов бран на заразени, болницата ќе има потреба од дополнителен медицински тим. Во болницата засега нема недостиг на кислород.

Слични содржини