Во Европа пристигна и Колумбиската варијанта на корона вирус

од desk4
Нов корона вирус го напаѓа светот. Тоа е колумбискиот вид на коронавирус, за кој научниците велат дека се уште не се знае многу. Во последниве недели, тој е забележан во САД, и многу ретко во Европа. Затоа и не може да се утврди дали е поопасен или заразен од другите видови.
Светските медиуми објавуваат дека со колумбискиот вид на вирус се заразиле седум корисници за стари и изнемоштени лица во Белгија. Сите биле вакцинирани со двете дози, но сепак починале.  Според информациите во домот вкупно се заразиле 21 корисници и вработени.
Здравствените власти веќе почнаа со предупредувањата дека постојните вакцини можеби нема да го спречат ширењето на варијачнтите на делта вирусот.
Државната агенција за јавно здравје на Англија веќе објави дсека постојат рани податои дека вакцинираните луѓе би можеле да ја пренесат делтата на коронавирусот исто толку лесно како и невакцинираните лица.
Резултатите од овие истражувања се совпаѓаат со податоците на  американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Тие минатата недела предупредија дека вакцинираните лица заразени со варијантата делта, за разлика од другите варијанти, можат да ја шират инфекцијата.
Високо заразната варијанта на делта на коронавирус е глобално доминантна и одржува пандемија од која загинаа повеќе од 4,4 милиони луѓе, вклучително и повеќе од 130,000 во Велика Британија.
Од постојните научни резултатите, здравствените експерти велат дека до сега се покажало дека вакцините обезбедуваат добра заштита од сериозни болести и смрт по инфекција со делта, особено две дози. Сепак тие предупредуваат дека  има помалку податоци за тоа дали вакцинираните лица можат да продолжат да го шират вирусот на други лица.  Според нив потребни се дополнителни научни студии за да се потврди ваквите наоди од истражувањата во врска со коронавирусите.

Слични содржини