Во Хрватска уште 41 нов случај со Ковид-19, едно лице починало

од Aleksandar Petrovski

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 41 нови случаи на инфекција со вирусот Ковид-19, додека едно лице починало.

Вкупниот број на активни случаи во Хрватска е 749, хоспитализирани се 133 пациенти, од кои 9 се на респиратори, известува порталот Индекс.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција со коронавирус, вкупно 4.923 лица се разболеле, а 140 починале.

Тестирани се вкупно 114.090 луѓе, а 1.256 во последните 24 часа.

Слични содржини