Во интервју пред 14 години, Лечиќ признава дека удирал жени

од Vladimir Zorba

Откако актерката Даниела Штајнфелд го обвини актерот Бранислав Лечиќ за силување, јавноста во Србија не мирува. Сега, во медиумите се појави и дел од интервјуто на Лечиќ од 2007 година.

Од кога Штајнфелд изнесе обвинувања, Лечиќ јавно ги негираше и во една изјава, меѓу другото, рече: „Никогаш не сум бил агресивен кон ниту една жена. Напротив“.

А пред скоро деценија и пол, на прашање во интервјуто „Дали некогаш сте удриле жена во животот?“, Лечиќ рече дека за жал го сторил тоа.

„За жал, двапати. Прв пат во пубертет, затоа што девојката ме излажа, а не можам органски да го поднесам тоа. Тоа се повтори и пред извесно време, но навистина е поранешна приказна за која никогаш повеќе не би си ја дозволил“, рече Лечиќ.

Потоа зборувал за мажественоста и неговата „семејна драма“, одговарајќи на прашањето „како му е под струкот, со оглед на тоа што сопругата јавно го изневеруваше и го доведуваше во пршање како маж“.

„Вистина е. Но, убаво се вели, како можеш да бидете силни ако не ја признаеш својата слабост? Како можете да бидете победник ако не сте во можност да констатирате пораз? И животот е чудо, постојано има нови текови. Како и во природата: ноќ и ден наизменично, плима и осека, топло и ладно. Ако останете во пораз, готови сте: но ако тоа е вашиот стимул, движечката сила за нова победа, тогаш сте на коњ. Јас сум човек доволно да го издржам сето тоа! Не се плашам за својата мажественост. Јас сум сигурен во себеси како ментално, духовно и сексуално битие, иако ме изневери мојата сакана сопруга, кралицата на мојот живот, која ми даде тринаесет години среќа и две прекрасни деца. Тоа е многу подлабоко од измама. Таа го предаде нашиот заеднички проект наречен семејство“, рече Бранислав Лечиќ во едно интервју, цитирано од српски „Курир“.

Слични содржини