„Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ за Буштур, Лечиќ, Насев…

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 23 јуни 2023 година, петок, во 10:00 часот на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија” ќе одликува 5 истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија” ќе се одликуваат Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски Буштур (постхумно), Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.

Слични содржини