Во Истанбул има повеќе сиријски бегалци отколку во цела Европа

од Vladimir Zorba

Речиси 60 проценти од бегалците во светот живеат во градови, а во Истанбул има повеќе сиријски бегалци отколку во цела Европа, соопшти претседателот на хуманитарната организација Меѓународен комитет за спасување (МВС), објавија американските медиуми.

p3-istanbul-street

Претседателот на МВС (International Rescue Committee, IRC) Дејвид Милибанд во интервју за Асошиејтед прес изјави дека многу работи се промениле и бегалците веќе немаат многу заедничко со традиционалната идеја на луѓе кои живеат во шатори логори.

Прво, рече тој, толку многу луѓе бегаат од хаос и конфликти, така да во камповите веќе нема место за нив. Покрај тоа, повеќето луѓе не сакаат да бидат во бегалски кампови, туку да заработат за живот, дури и ако тоа значи работа на црниот пазар, додаде тој.

Милибанд, кој е поранешен британски министер за надворешни работи, даде пример за Истанбул. Без да цитира конкретна бројка, тој рече дека таму живеат повеќе сиријски бегалци, отколку во останатиот дел од Европа, каде што според информациите од неговата организација во моментов нивниот број е 366 000.

loading...

Слични содржини