Во јавување во живо: Полицијата во Минеаполис ја уапсила телевизиската екипа на „СNN“ -„Ова е кршење на Уставот“ (видео)

од Nikola Popovski

При големите немири во Минеаполис откако полицајците го убија Афроамериканецот Џорџ Флојд, полицијата ја уапсила и екипата на влијателната ТВ-мрежа Си-Ен-Ен, што предизвикало дополнителна напнатост.

Иако репортерот на Си-Ен-Ен јасно ѝ ставил до знаење дека е известувач, како и неговиот снимател, тоа не ја интересирало полицијата. Овој вид полициско постапување кон новинарите во САД не се простува, а аналитичарот за внатрешна безбедност Чарлс Ремзи изјави за ТВ мрежата дека „не би сакал да биде во кожата на началникот на полицијата во тој град“.

„Не го разбирам ваквото однесување на полицијата. Репортерот јасно се претстави и ѝ кажа на полицијата да му каже каде да застане. Ако тој се спротивстави или протестираше, тоа би било друга работа, но колку што можам да видам не е и затоа ова полициско однесување е неразбирливо за мене“, рече тој.

Менаџментот на Си-Ен-Ен веднаш се повикал на Првиот амандман.

„Репортерот и целиот ТВ екипа на Си-Ен-Ен беа уапсени…затоа што ја завршија својата работа и покрај тоа што јасно се претставија. Тоа е јасно кршење на нивните уставни права. Властите на Минесота, вклучително и гувернерот, мора веднаш да го ослободат нашиот тим на слобода“, објави Си-Ен-Ен.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц веднаш се извини на Си-Ен-Ен за апсењето на тимот и порачал дека ќе инсистира тие да бидат ослободени. „Ова е тотално неприфатливо“, изјавил тој.

Слични содржини