Во неверојатен натпревар, Филаделфија за првпат го освои „Супер Боул“

од Vladimir Zorba

Филаделфија Иглс го освои „Супер Боул“ за прв пат во својата историја по неверојатен натпревар, кој го оправда целосно брендот НФЛ. „Орлите“ триумфираа со трофејот „Винс Ломбарди“ по своето трето учество во финалниот натпревар, во кој ги надиграа Њу Ингланд Петриотс со 41:33.

„Патриотите“ се обидоа да го повторат подвигот од 2004 и 2005 година, кога победија во две последователни години, но беа запрени од инспирираниот тим на Филаделфија. По неверојатниот пресврт, кој ја донесе победата на Њу Ингланд петриотс во „Супер Боул“ пред една година, никој не веруваше дека може да има подраматичен натпревар. „Орлите“ сепак направија неверојатен натпревар и предводени од квотербекот Ник Фолс им вратија на Петриотс за поразот во 2005 година.

Фолс се претстави одлично, откако подаде за три тачдауни и сам постигна еден во вториот дел. Квотербекот направи пасови за 373 јарди во дуелот и стана првиот играч во историјата на „Супер Боул“, кој подава за тачдаун и сам одбележува таков.

Заслужено Фолс, кој до декември беше резерва, но го замени повредениот соиграч Карсон Венц, беше избран за MВП на финалниот натпревар.

„Затоа се трудев цела година. Минатата сезона беше многу тешка, но момците не се исплашија и беа неверојатни. Сакав да бидеме агресивни и да ја оставиме топката во рацете на Ник, и излезе како што треба“, рече тренерот на „орлите“ Даг Педерсен.

Филаделфија е и едвај четвртиот тим кој го освои „Супер Боул“, откако во претходната сезона имал негативен биланс во шампионатот. Пред една година „орлите“ беа со седум победи и девет порази, но во оваа ја преобразија играта.

„Луѓето во Филаделфија не престанаа да не поддржуваат, а ние не ги разочаравме. Пред натпреварот реков дека тоа не е битка помеѓу мене и Брејди, туку битка на тимови. Ние ги победивме како тим, заедно“, рече Фолс, кој го оддаде заслуженото на своите соиграчи.

Големиот дует Том Брејди и тренерот Бел Беличик не успеа да додаде шести шампионски прстен за последните 18 години во осмото учество на „Супер Боул“. Квотербекот беше погоден од проклетството на играчот на МВП. Брејди, кој беше избран за најкорисен во сезоната, е деветтиот тркач, кој стигнува до „Супер Боул“ во истата година и не успева да победи. За последен пат тоа го направи Курт Ворнер во 1999 година.

Брејди е квотербек со најмногу победи на „Супер Боул“ – пет, но не успеа да излезе самостојно на чело во историјата на НФЛ за играчот со најмногу титули. Пет пати „Супер Боул“, исто така, го освои линискиот бек, Чарлс Хејли. Во меѓувреме, Брејди е, исто така, втор противкандидат по бројот на порази во натпревар за титулата – три. Повеќе има само Џим Кели во четири последователни години (1991-1994).

Слични содржини