Во Норвешка уапсен научник, осомничен дека е руски шпион

од Stefanija Kuzmanovska

Норвешката полиција уапси маж во градот Тромсо кој работел како научник, а за кој се сомнева дека е руски шпион, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на норвешките медиуми.

Уапсениот работел како научник на Универзитетот во Тромсо и се претставувал како бразилски државјанин, но полицијата верува дека е Русин, објави денеска норвешката телевизија NRK, повикувајќи се на службата за безбедност на земјата.

Наведено е дека тој е „закана за основните национални интереси“ и дека треба да биде протеран од Норвешка, стои во изјавата на претставник на норвешката безбедносна служба, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини