Во Русија се срушил мост додека преку него поминувал камион (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави видео од источна Русија, на кое се гледа како се урива поплавен висечки мост додека камион поминува преку него.

Видеото е снимено во селото Уријум, источно од Москва, а на него се гледа како камион се приближува до дрвениот мост, а потоа се обидува да ја премине неговата тесна и разнишана конструкција.

Кога стигнал до средината, конструкцијата, направена да го замени мостот уништен од претходната поплава, започнала да се руши и на крајот се срушила во реката носејќи го возилото со себе.

За среќа, возачот преживеал, пренесува „Sky News“.

Камионот немаше толку среќа, ниту селаните, кои сега немаат начин да ја преминат реката и кои ќе мораат да изградат нов заменски мост.

Слични содржини