Во Торино украден, па вратен часовник на Медведев вреден 200.000 евра

од Vladimir Zorba

Рускиот тенисер Даниил Медведев го одигра финалето на завршниот Мастерс турнир во Торино, но не успеа да го совлада Германецот Александар Зверев. Сепак, неговиот престој во северна Италија бил речиси дополнително уништен од кражба.

За време на дуелот со Зверев, од соблекувалната на Медведев му е украден часовник вреден дури 200 илјади евра, пренесува порталот puntodebreak.com.

Меѓутоа, непријатностите набрзо биле отстранети и скапоцениот часовник „Бове Отанасеи“ бил лоциран и по неколку часа вратен на Московјанинот.

Полицијата го пронашла часовникот на раката на еден од службениците на АТП додека се обидувал да се качи во авион.

Полицијата соопшти дека се уште го истражува целиот случај бидејќи лицето кај кое е пронајден часовникот кажа дека го добил од друго лице.

Слични содржини