Водителка на Евровизија е калуѓерката од „прошетката на срамот“ во „Игра на тронови“

од Vladimir Zorba

АКТЕРКАТА Хана Вадингам, една од презентерките на овогодинешниот Евросонг во Ливерпул, на пошироката јавност и е позната како калуѓерка од сцената „прошетка на срамот“ снимена во Дубровник.

Вадингам ја играше Унела во серијата, еден од Септите на верата на седумте. Во сега веќе легендарната сцена, Унела ја мачи Серсeи Ланистер и извикува „срам“ додека Серсeи оди гола низ разгневената толпа до „Red Keep“.

После тоа, Вадингем ја одигра сцената во која Серсеи и се одмаздува за „прошетката на срамот“, а во едно интервју откри дека била „мачена 10 часа на сетот за таа сцена“. Стануваше збор за „ватербординг“, форма на мачење во која вода се прелива преку крпа што го покрива лицето на имобилизиран затвореник, предизвикувајќи тој да доживее чувство на давење.

„Бев врзана за дрвена маса со големи ремени на рацете 10 часа. И дефинитивно, освен денот кога се породив, тоа беше и најтешкиот ден во мојот живот. Лени (актерката што ја играше Серсеи) и беше ужасно непријатно тоа што ми истура течност на лицето долго време, а јас бев надвор од себе… Но, во тие моменти треба да размислите, да си ја завршите работата или да ги спречите и да им кажете – не“, се присети тогаш Хана.

Од тоа снимање се плаши од вода, а додала дека потоа со денови не можела да зборува бидејќи морала да вреска со часови за потребите на сцената. „Имав и модринки, како некој навистина да ме нападнал“, рече таа.

Потсетуваме дека Хана ќе биде водителка на Евросонг заедно со британската пејачка Алеша Диксон и украинската пејачка Јулија Санина. Тие ќе бидат домаќини на полуфиналните шоуа на 9 и 11 мај, а ќе им се придружи и Греам Нортон во големото финале на 13 мај.

Слични содржини