Воен авион се урна во Русија (ФОТО)

од Radmila Tasevska

Воен авион се урна во областа Белгород во Русија.

„Авионот на Министерството за одбрана се урна во населбата Валујки. На местото на настанот работи тим истражители и персонал на Министерството за вонредни ситуации“, изјави регионалниот гувернер на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Причината за падот на авионот се истражува, а ситуацијата е под контрола, додаде Гладков.

Извор од итната служба за „Спутник“ изјави дека пилотот успешно се катапултирал од леталото и дека прелиминарните податоци покажуваат дека тој го преживеал инцидентот.

Од друга страна, некои медиуми како Nexta пишуваат дека пилотот загинал.

 

Слични содржини