Воен портпарол: На израелска територија пронајдени 1.500 тела на екстремисти на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт изјави дека 1.500 тела на екстремисти од Хамас биле пронајдени на израелска територија откако армијата ја вратила контролата врз поголемиот дел од југот на земјата.

Хехт и главниот воен портпарол Даниел Хагари изјавија дека од понеделникот вечерта, ниту еден борец на Хамас не влегол во Израел, иако нивниот влез се уште е можен.

Израелските воздушни напади синоќа како одмазда за ненадејниот напад на Хамас во саботата наутро го нападнаа населбата Римал во Газа, каде што се наоѓаат министерствата и владините згради.

„Жителите беа предупредени да се евакуираат пред нападот преку социјалните мрежи“, рече Хехт, без да наведе повеќе детали.

Тој навести дека Палестинците можат да одат во Египет преку граничниот премин Рафах, но не објасни каде ќе одат и како, бидејќи преминот повремено е затворен, пренесе АП.

Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата од ривалскиот, поумерен Фатах.

Израел вчера објави целосна опсада на Појасот Газа и дека нема да има снабдување со струја, ниту испорака на храна и гориво за таа мала енклава во која живеат 2,3 милиони жители.

Слични содржини