Воена состојба на улиците на Јужна Африка: Убиено и бебе

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку седум лица се убиени и неколку стотици се уапсени за време на немирите што избувнаа во Јужна Африка по апсењето на поранешниот претседател Џејкоб Зума.

Во обид да го потиснат насилството, јужноафриканските власти распоредија војска на улиците на градовите каде беа забележани најжестоките немири, но и покрај тоа, во текот на денот беа запалени продавници и станбени згради, пренесува NEWS24 .

Меѓу жртвите е и шестмесечно бебе, кое било погодено од заскитан куршум во главата и човек кој искрварил до смрт од убодни рани. Според локалните медиуми, на клиниките владее хаос, бидејќи демонстрантите постојано се обидуваат да влезат во собите каде се повредените.

Во бранот насилство што следеше по апсењето на поранешниот претседател, демонстрантите ограбија продавници, запалија згради и ги напаѓаа минувачите.

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, 79-годишниот Џејкоб Зума, се предаде на полицијата минатата недела и ќе одлежи 15-месечна затворска казна за непочитување на судот.

Зума исто така се соочува со посебна тужба за договор за вооружување во вредност од 2 милијарди долари од 1999 година, кога тој беше заменик претседател.

Слични содржини