Вокер: На Халанд ќе му треба време да се адаптира

од Vladimir Zorba

Десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер го коментираше новиот напаѓач на клубот Ерлинг Халанд.

„Изгледа во многу добра форма. Ако во Сити продолжи да го прави она што го правеше во Дортмунд и може да се прилагоди на Премиер лигата, тоа ќе биде одлично. Не е лесно и само неколку играчи го покажуваат своето ниво веднаш по преселбата во нов клуб. Му треба време, но ние ќе му помогнеме да се адаптира на англискиот шампионат“, изјави Вокер

Халанд за 60 милиони евра се пресели во Манчестер Сити од Борусија (Дортмунд). Минатата сезона напаѓачот постигна 29 гола и направи 8 асистенции на 30 натпревари за Борусија.

Слични содржини