Волстрит журнал: Разузнавач на ЦИА евакуиран од Србија поради „хаванскиот синдром“

од Nikola Popovski

Волстрит журнал, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски претставници, пишува дека ЦИА евакуирала разузнавач кој служел во Србија во изминатите недели и кој претрпел сериозни повреди предизвикани од невролошки напади, познат како „хавански синдром“.

Инцидентот на Балканот, за кој, како што пишува Волстрит Журнал, не бил претходно пријавен, е последен во серијата од, како што велат службениците, постојан напад од нешто за кое постои сомневање дека е некаков насочен извор на енергија.

Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства се разболеле од таканаречениот „хавански синдром“, мистериозна болест, чии симптоми се мигрена, гадење, оштетување на меморијата и вртоглавица, пишува Ројтерс.

Службениците од американската амбасада првпат го пријавиле случајот во 2016 година во Куба.

Во средината на јули, повеќе од дваесет американски службеници во Виена пријавија симптоми слични на овој синдром, мистериозна болест на мозокот, откако претседателот Џозеф Бајден ја презеде функцијата во јануари.

Во извештајот на американската влада објавен минатата година се наведува дека „насочената“ радиофреквенција е најсигурното објаснување за мистериозните симптоми на дипломатите стационирани во американските амбасади во Хавана и на други места.

Слични содржини