Volvo повеќе нема да произведува мотори со внатрешно согорување

од desk2

Шведскиот произведувач на автомобили, Volvo, потполно се свртува кон електрификација на своите возила, па така, од компанијата најавија дека повеќе нема да развиваат мотори со внатрешно согорување.

Од Volvo порачувааат дека актуелната генерација на дизелаши и бензинци со турбополначи е воедно и последна, а таа би требало да биде застапена во Volvo автомобилите уште 6-7 години.

Швеѓаните, кои ги контролираат кинеските компании Geely, свесни се дека процесот на потполно преминување на строго електрични автомобили е процес што ќе потрае, но убедени се дека со електромоторите во хибридни и plug-in хибридни модели, се повеќе ќе се одзема важноста на моторите со внатрешно согорување.

Тоа не е единствена цел на Volvo. Швеѓаните планираат да се фокусираат на развојот на посилни електромотори со погон на задниот дел, за возењето во нивните модели да биде што позабавно.

Исто така, повеќе нема да има кабриолет и купе модели, а фокусот наместо на спортски возила ќе се стави на кросовери и SUV класа.

Слични содржини