Вонредни исклучувања на струја ширум цела Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Дефицитот во енергетскиот систем на Украина утринава е зголемен на 27 отсто, а вонредни исклучувања се на сила ширум целата земја, соопшти компанијата „Укренерго“.

Зголемувањето на дефицитот се случи поради вонредното исклучување на блокови во неколку електрани, а во исто време потрошувачката на електрична енергија продолжува да се зголемува поради влошувањето на временските услови, пренесува „Интерфакс Украина“.

Украина се соочува со исклучување на струјата откако руските сили почнаа да ја напаѓаат инфраструктурата на земјата, главно енергетската, на 10 октомври.

Слични содржини