Вонредни избори за Советот на Општина Тетово на 20-ти август

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука изборите за Совет на Општина Тетово да се одржат на 20 август 2022 година, а болните и немоќни лица и сите други категории кои според Законот имаат основа да гласаат, ќе можат да го остварат гласачкото прабво ден претходно, на 19 август.

-Јавниот увид во избирачкиот список започнува од 1 јули и трае 20 дена, заклучно со 20 јули. Собирање потписи за независни листи на кандидати започнува од 30 јуни, и ќе трае 15 дена заклучно со 14 јули и истото ќе се спроведе во подрачното одделение на ДИК во Тетово. Доставувањето на кандидатските листи за кандидати за Совет на Општина Тетово, до Општинската изборна комисија е најдоцна заклучно до 15 јули до 00:00. Жрепката за редниот број на гласачкото ливче за листите за Совет за Општина Тетово, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 26 јули. Изборната кампања за изборите за Советот започнува на 31 јули во 00:00 часот и трае до 18 август до 00:00 часот, информираше Борис Кондарко, член на ДИК.

На 14-ти јуни Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

За ова решение, согласно законот, Владата го извести Собранието на Република Северна Македонија.

Слични содржини