Вовед во анатомија останува без еден од омилените актери

Серијата „Вовед во анатомија“ следната недела официјално ќе се прости од докторот Алекс Карев.

Во трејлерот за следната сезона прикажани се незаборавни моменти до сите 16 сезони, вклучувајќи го и првиот ден на стажирањето на Алекс, се до моментот кога стана шеф на хирургија во болницата „Греј-Слоун меморијал“. Покрај незаборавните сцени во трејлерот вметната е и емотивна порака:
„По 16 сезони, се простуваме од доктор Алекс Карев. Погледнете како завршува неговата приказна“.

Минатиот месец ABC за People потврдија дека актерот Џастин Чејмберс повеќе нема да игра во серијата. Актерката Кртиста Верноф, која ја игра улогата на сегова сопруга, истакна дека во следните епизоди се ќе стане јасно и ќе биде објаснато зошто Алекс заминува.

– Полека, епизода по епизода, ќе се открива каде е Алекс. Потребни ни се неколку епизоди за да стигнеме до целта и конечно да објасниме што се случи – рекла Верноф.

Слични содржини