Воз удри во човек кај Визбегово

од Берта Китинска

На железничката пруга Скопје Север – Ѓорче Петров, после надвозникот во Визбегово, вчера околу 17 часот воз што сообраќал на релација Скопје – Кичево удрил во едно лице.

Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин од 17 до 19.35 часот.

Слични содржини