ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Девојче (11) паднало од панорамско тркало во забавен парк во Бразил

од Stefanija Kuzmanovska

Во бразилскиот град Рио Прето де Ева се случил хорор во забавен парк каде се собираат многу семејства со деца. Девојче (11) останало да виси на панорамско тркало во движење откако била скршена заштитната ограда на него.

Како што пренесуваат медиумите, застрашувачкиот инцидент се случил кога наеднаш се скршила безбедносната брава на столот на кој девојчето седело со друго девојче (13).

Таа не можела да се одржи, паднала и се здобила со повреди на карлицата. Семејството изјавило дека се уште ги чекаат резултатите и таа се уште е во болница.

Таткото на девојчето бил на друго седиште со помалата ќерка кога се случила несреќата.

„Се вртевме пет пати и сфатив дека нешто не е во ред. Погледнав и видов дека ќерка ми виси наопаку. Кога погледнав повторно, таа веќе беше падната. Ја држев мојата втора, седумгодишна ќерка и не знаев што да правам“, изјавил тој.

Забавниот парк, кој неодамна бил отворен и полн со посетители, сега е празен.

По инцидентот беше затворен, а кога се прошири веста за несреќата, се појави голема загриженост и се отворија многу прашања за безбедносните мерки во забавните паркови и одговорностите на управителите на таквите паркови.

Слични содржини