Вработените во ФЗО повторно во штрајк

од Nikola Popovski

Вработените во Фондот за здравство денеска во 11 часот  ќе излезат на предупредувачки протест поради незадоволството за не усогласувањето на платите со растот на минималната плата, соопшти Синдикатот на УПОЗ.

Штрајкот ќе започне на први јуни, а тоа да не се случи вработените бараат во текот на мај управниот одбор да биде разрешен и да се постават нови членови кои ќе дозволат да се усогласат платите на вработените, односно примањата да не им се намалуваат од 1-ви јуни.

Станува збор за сума од 2.400 денари.

Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.

Слични содржини