„Врба“ на Манчевски со Мариово и Трескавец влезе во трка за „Најдобра филмска локација“ во Европа

„Врба“ на Милчо Манчевски, заедно со Мариово и Трескавец е во трка за наградата: Најдобра филмска локација во Европа.

Оваа награда инаку ја доделува Европската мрежа на филмски комисии, а Прилепскиот крај влезе во петте финални опции, во конкуренција од 28 земји.

„Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката – македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски–и локациите–како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално“, вели продуцент на „Врба“, Јане Ќортошев во преставувањето на финалистот „Врба“.

Официјалната страна на EUFCN ќе биде отворена за гласање, а истото ќе трае до 12.јануари 2021. година.

„Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно пет трофеи, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради пандемијата“, соопштија од продукцијата.

Инаку во конкуренција за оваа награда покрај „Врба“ се и Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“.

Слични содржини