Вредна 50 милиони евра: Почнува реализацијата на најголемата инвестиција во преносната електроенетргетска мрежа

од Берта Китинска

Со поставување на камен-темелникот на овој капитален објект почнува реализацијата на 400-киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8. Со оваа инвестиција, во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток – запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија, нагласи премиерот Зоран Заев најавувајќи ја изградбата на трансформаторска станица Охрид која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот 400 киловолтен интерконективен далекувод Битола, Северна Македонија и Елбасан, Албанија.

Проектот се очекува да биде завршен во 2023 година, а опфаќа изградба на 400-киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија) во должина од 97,4 километри, изградба на 400/110 киловолтна трансформаторска станица и изградба на 400-киловолтно далекуводно поле во трансформаторсата станица Битола 2.

Слични содржини