Времето утре променливо облачно и ветровито

од Stefanija Kuzmanovska

Утре не очекува променливо облачно и ветровито време. Особено во западните делови ќе се задржи облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со повремени врнежи од дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места, велат од УХМР.

Слични содржини