Времето утре сончево и релативно топло

од Stefanija Kuzmanovska

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со студени утра, но релативно потопло време во текот на денот. Утринската температура наместа ќе се спушта под нулата.

Слични содржини