Вучиќ: 130.000 мигранти доаѓаат кон нашата граница, овој пат нема да ја чекаме ЕУ

од Nikola Popovski

Ова го изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во своето обраќање пред јавноста во зградата на Претседателството.

Кога станува збор за мигрантите, според неговите сознанија, има околу 130.000 во моментот, кои се упатуваат кон турско-грчката граница, доколку има потреба, Србија ќе може да ги заштити своите граници и територија од мигрантите.

Според претседателот на Србија, ова ќе биде единствено во интерес на националната безбедност и сигурност.

Вучиќ на прес-конференција рече дека откако Турција ги отвори своите граници и им дозволи на мигрантите од Блискиот исток да влезат во ЕУ, српските служби преземаат акција, ги добиваат сите релевантни информации и ќе донесат одлуки според ситуацијата.

„Ако има потреба да се заштитат и зачуваат границите, тоа ќе го сториме на ефикасен начин. Овој пат нема да чекам одговори од ЕУ, но ќе дејствуваме апсолутно и исклучиво во интерес на нашата безбедност и сигурност”, рече Вучиќ.

Тој истакна дека граѓаните не треба да бидат загрижени и дека Србија има доволен капацитет и сила да го стори тоа.

Претседателот рече дека околу 130.000 мигранти биле испратени на грчката граница од Турција, при што значително помал број ја преминуваат границата. “Ќе разгледаме и како реагира ЕУ. Отсекогаш покажавме солидарност со сите оние кои избегаа од воените зони и не сакаме кон никого да се однесуваме нехумано, но ќе имаме во план ја зачуваме безбедноста на граѓаните на Србија”, рече Вучиќ .

Тој исто така рече дека нема да дозволи Србија да биде паркинг за мигрантите.

„Доколку има потреба, ако некој смета дека Србија треба да стане паркинг за мигрантите, ќе покажеме дека тоа нема да се случи и на јасен и недвосмислен начин нашите државни органи нема да дозволат влез на територијата на Србија на оние лица за кои веруваме дека би можеле тие ја загрозуваат нашата безбедност“, рече Вучиќ.

Слични содржини