Вучиќ: Ако не ги исполни своите обврски, Курти може само да ги сонува глупостите што ги зборува

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е задоволен од реакцијата на ЕУ на изјавите на премиерот на Косово, Албин Курти, за принципите на водење дијалог со Белград.

Вучиќ, исто така, забележал дека Унијата мора да реагира, бидејќи во спротивно, како што вели, дијалогот не би имал смисла, ако Курти навистина мисли на сè што рекол.

„Ќе почекаме уште малку, да видиме дали човекот ќе стане малку подобар, да разбере кои се обврските на Приштина. Ако не го сака тоа, тогаш благодарам. Не мора“, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања од новинари.

Вучиќ исто така дека Приштина мора да ги исполни своите обврски.

„Без исполнување на обврските, тој може само да фантазира за глупостите што ги изговара “, рече Вучиќ.

Курти претходно изјави дека дијалогот со Белград треба да се заснова на четири принципи, од кои првиот е признавањето на независноста на Косово, но го отфрли разговорот за Заедницата на српски општини.

Како други принципи, Курти изјавил дека Белград треба да ги признае наводните злосторства во Косово, дека дијалогот треба да се заснова на „еднаквост на обете страни“ и дека граѓаните, а не политичарите, треба да имаат корист од дијалогот.

Германската канцеларка Ангела Меркел му рече на Курти дека во центарот на неговото внимание треба да биде и дијалогот со Белград.

Слични содржини