Вучиќ свечено откри огромен споменик во Белград: „Стефан Немања е голем, тежок и убав, исто како и Србија“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

„Споменикот е голем, тежок и преубав, исто како и Србија“, рече вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ на откривањето на импозантниот споменик на основачот на српската средновековна држава Стефан Немања. Споменикот, кој се наоѓа пред Железничката станица во Белград, висок е 23,5 метри и пет метри под земјата, тежок околу 80 тони, а постаментот е еден вид музеј на отворено, бидејќи околу жезолот на споменикот се поставени фрагменти од византиски шлем со мозаици одвнатре што претставуваат делови од животот на Стефан Немања.

„И овој споменик е одличен, бидејќи приказната за нас е одлична. И овој споменик е тежок, бидејќи приказната за нас честопати беше тешка. И тоа е прекрасно, убаво како што е приказната за нас. Овој споменик е, затоа, пред сè, приказна за нас. За тоа кои бевме, каде бевме, што направивме и најмногу за тоа што сме денес и што сакаме да бидеме“, истакна Вучиќ на свеченото откривање.

Савски трг, каде што се наоѓа споменикот, изјави Вучиќ дека е местото што предизвикувало срам, било неуредно, валкано, за срамота не само за градот, туку и за цела Србија, но, сега е сосема поинакво.

„Вечерва, јас сум особено среќен, бидејќи тука, каде што стоиме, горе, тука е и Храмот посветен на третиот син на Немања, големиот Свети Сава. Додека денес го откриваме споменикот, за кратко време успеавме да изградиме и насликаме мозаик во најголемата православна црква. Така ќе го обновиме Хиландар “, рече Вучиќ.

Повеќе српски, но и балкански аналитичари направија паралели меѓу подигањето на споменикот на Стефан Немања од страна на српските власти и проектот „Скопје 2014“ во Македонија, и поконкретно со „Воинот на
коњ“ од скопскиот плоштад, кој сепак е повисок од Стефан Немања за половина метар.

Наспроти одобрувањето кај мнозинството граѓани, што го покажаа анкетите, повеќе познати српски интелектуалци зазедоа став дека споменикот е непотребен и предимензиониран кич-проект, кој на српските граѓани им нуди популизам и бегство во минатото, во време кога државата се соочува со повеќе тешки последици.

Слични содржини