Вучиќ: Албански полицајци впериле пушки кон Данило, не му ја соблекле маицата

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека албанските полицајци кај Подуево впериле пушка кон неговиот син Данило, кој беше на Косово на собирот во Грачаница по повод Видовдан, барајќи по секоја цена да ја соблече маицата со натпис „Predaja nije opcija“, но дека не успеале во тоа.

„Дури сега дознав што се се случувало на Косово“, напиша српскиот претседател на Инстаграм нешто по полноќ.

„Последниот пат кога го запреле Данило, недалеку од Подуево, албанската полиција барала по секоја цена да ја соблече маицата на која пишуваше Predaja nije opcija. Данило не се согласил, а потоа впериле пушки кон него и го прашале ‘Татково име?’. Тој одговорил: ‘Александар! Тоа е мојот татко и вашиот претседател!’. Не му ја соблекле маицата, не му го извалкаа образот. Предавањето не е опција“, наведе претседателот на Србија.

Слични содржини