Вучиќ упати јасна порака: Да го продадеме нашиот народ – нема да го гледате тој филм (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа гостуваше во емисијата „Прва тема“ каде зборуваше за сите актуелни политички и економски теми.

„Ние Вучиќи секогаш ќе бидеме со нашите луѓе на Косово. Ние да ги продадеме своите, својот народ, нема да го гледате тој филм, колку и да се трудите, колку и да сте исти, оние од левицата и оние од десницата. Не постои таква санкција, таква закана да ме насочи поинаку. Затвор? Убиство? Па што? Ситници. Да не се грижат луѓето во Србија, нема да има санкции, ќе го зачуваме мирот, тие ќе живеат убаво и ќе живеат многу подобро отколку што живеевме досега“, нагласи Вучиќ и додаде:

„Да ја продадеме нашата држава, да го продадеме нашиот народ – нема да го гледате тој филм. Да живее Србија!“, напиша претседателот Вучиќ во објава на својот официјален Инстаграм профил.

Слични содржини