За 3 години два пати освоил милиони на лотарија: Среќа му донела паричката која ја добил од покојниот татко (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Американецот Марк Кларк двапати успеа во она што повеќето луѓе никогаш не успеваат во нивните животи, бидејќи тој во два наврати освои четири милиони долари на лотарија.

Тој најпрво освои пари пред три години, кога, додека ставал гориво на бензинска пумпа, купил тикет за инстант лотарија, го изгребал бар-кодот и видел упатство во кое пишува: „Контактирајте го службеникот“.
Како што е предвидено, службеникот потоа го изгребал остатокот од тикетот, а потоа, со шокиран израз на лицето, рекол: „Марк, само што освои четири милиони долари“.

Според Си-Ен-Ен, Марк се качил во својот камион и го вратил во компанијата каде што бил вработен, а потоа отишол во куќата на неговите родители за да им ја каже добрата вест, само за да се пензионира малку подоцна.

Сепак, овој месец тој повторно купил тикет за лотарија од државата Мичиген и повторно ја доби истата сума.

Тој вели дека користел паричка што му ја подарил сега неговиот починат татко пред десет години за гребење, и дека заради тоа, можеби е среќата паричката што му помогнала да победи уште еднаш.

Педесетгодишниот Кларк потенцира дека не планира никакви промени во животот и дека ќе продолжи да живее мирен пензионерски живот и да се занимава со своето омилено хоби – риболов, пренесува Си-Ен-Ен.

 

Слични содржини