За Бугарите односите меѓу Софија и Скопје се поважни од членството на Македонија во ЕУ

од Берта Китинска

Над 70 отсто од Бугарите сметаат дека е приоритет решавањето на односите на Скопје со Софија. Најмладите и различните малцински групи се малку пооддалечени од темата, покажува последното истражување на „Галуп интернешенел Балкан“,  „лице в лице“ со таблети во периодот од 25 ноември до 3 декември, меѓу 803 полнолетни бугарски граѓани.

Според истражувањето, 71,1 отсто од Бугарите сметаат дека најважно е да се средат односите на Република Македонија со Бугарија, а не е толку важно дали Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија. Спротивното мислење имаат 7,5 проценти, додека останатите 21,4 отсто се двоумат.

Малку понаклонети кон игнорирање на проблемите во односите со Северна Македонија имаат најмладите и луѓето со пониско образование. Сепак, уделот на оние кои ја поддржуваат опцијата Македонија да стане членка на ЕУ, без разлика на проблемите во односите со Бугарија, не надминува една десетина. Најсилни во ставот дека најважно е да се средат односите меѓу двете земји, а не толку дали Македонија ќе влезе во ЕУ се постарите, возрасните групи над 45 години и жителите на Софија.

Најголем дел од тие што се двоумат, се меѓу помладите испитаници, лицата со основно или пониско образование, како и испитаниците кои се идентификуваат како Турци и Роми. Во Софија, каде што живеат луѓе со повисоки примања и образование, во поактивните економски години – оние кои даваат приоритет на членството на Македонија во ЕУ се само 2 проценти, а спротивното мислење е близу 80 отсто.

Слични содржини