За еден месец три нови младенчиња во Зоолошката во Скопје

од Andreja Salpe

Зоолошката во Скопје во рок од еден месец доби три нови младенчиња.

Денес на својот фејсбук профил објавија дека има нов жител, а фотографии од преслатката верверица беа споделени на нивната фејсбук страна.

„Мама Рипко излезе од куќарката за да ни ги покаже бебињата“ напишаа на фејсбук страната ос Зоо Скопје.

Пред три дена пак на свет пристигна и бебе во фамилијата патаси.

„И во фамилијата патаси утрово имаме ново бебе. Мајката во мир и тишина ужива во првите моменти со своето новородено“ стои во објавата на која е објавена и фотографија.

На почетокот на април пак се роди и бебе Лемур кои се загрозен вид.

„Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот.

Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.

Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид.

Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар“ велат од Скопската зоолошка градина.

Слични содржини