За овие четири хороскопски знаци, март ќе биде месец на љубовта

Денот на вљубените помина, но месецот на љубовта дефинитивно е пред нас. Кога Венера, планетата на љубовта, убавина и задоволство, ќе влезе во знакот на Бик, четири хороскопски знаци ќе почувствуваат подобрување на полето на љубовта.

Бик

На личностите родени во знакот Бик, Венера им носи сензуален шарм на кој другите тешко ќе можат да му одолеат. Исто така, и Биковите можат да почувствуваат изненадна привлечност кон другите, а за оние кои се веќе во врска, оваа енергија е совршена за експериментирање и уживање во односот со парнтерот.

Девица

Девиците во овој период би можеле да се препуштат на дивите страсти. Тие не сакаат да бидат на непозната територија, но Венера им покажува дека и во ризикот има убавина. Пред нив е забавен месец полн со романтика и креативност. Девиците кои не се во врска имаат големи шанси да сретнат некој кој конечно ќе ги заинтригира во романтична смисла.

Скорпија

Доколку сте во врска, можно е повторно да ја доживеете фазата на меден месец со својот партнер. Венера ќе ви го зголеми шармот и грациозноста, а оние кои не се во врска ќе имаат зголемена потреба да се поврзат со некого. Кој и да е вашиот романтичен статус. март ќе биде страсен месец за вас.

Јарец

Поради креативноста и романтичноста која ви доаѓа од влијанието на Венера ќе се чувствувате посамоуверено од било кога. Повеќе ќе се сакате себе си и другите, поради што и оние слободните би можеле конечно да се зањубат. Доколку гледате нешто што сакате, вистинско време е тоа да го зграбите.

Слични содржини