За време на посетата на Зеленски, Британија воведе нов пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Британската влада денеска објави дека вовела нов пакет санкции против воената и политичката елита на Русија, вклучувајќи шест компании кои ја снабдуваат руската војска со опрема како што се беспилотни летала.

Санкциите се насочени и кон осум поединци и една фирма поврзана со финансиски мрежи кои помагаат „да се одржуваат богатството и моќта на елитата на Кремљ“, се вели во соопштението објавено додека украинскиот претседател Владимир Зеленски е во Лондон.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли објави дека Украина му покажала на рускиот претседател Владимир Путин дека нема да биде скршена од руската инвазија, истакнувајќи дека Британија не може да дозволи Путин да успее и мора да ја зголеми поддршката за Украина, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини