Забрана за камиони на Стража

од Nikola Popovski

Од 14:55 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража, информираат од Авто-мото Сојузот на Македонија. Причината е поради обилни врнежи од снег.

Од 14:20 часот, патниот правец Кочани-Виница и обратно е затворен за сообраќај поради случена сообраќајна незгода.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по влажни коловози.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини