Забрана за летање над палатата на Путин

од Nikola Popovski

Руските безбедносни служби воспоставија зона на забранети летови над палатата на морскиот брег вредна милијарда фунти, за што Владимир Путин тврди дека не е негова. Агентите на ФСБ изјавија дека забраната за летови е воведена минатото лето со цел да се заштити брегот на Црното море од шпионите на НАТО. Случајно или не, само во таа зона на забранети летови се наоѓа замок со сомнително потекло со своето казино, лизгалиште и лозја.

Кремљ безуспешно обидува да ја објасни палатата на морскиот брег од 17,691 квадратни метри, за која рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека е финансирана од пријатели на Путин и дека ја чуваат државни агенции кои исто така го чуваат претседателот и неговото семејство.

Обвинувањата на Навални се појавија кога главниот противник на Путин беше уапсен при неговото пристигнување во Москва од Германија, каде се лекуваше откако беше отруен со новичок. Видеото од палатата е прегледано повеќе од 95 милиони пати на Јутјуб.

По масовните протести во Москва и другите руски градови во врска со апсењето на Навални, на кого му се заканува казна затвор од неколку години, самиот Путин се обрати пред јавноста, велејќи им на студентите дека „ништо што е наведено во видеото не е сопственост на негово или на неговото семејство“. Тој побара испитување на „монтираната снимка“, за која додаде дека е „здодевна“.

Портпарол на ФСБ за локалните медиуми изјави дека агенцијата воведе зона на забранети летови над ртот Идокопас, по должината на брегот на Црното Море, поради „зголемената разузнавачка активност од неколку соседни земји, вклучително и оние од блокот на НАТО“.

Слични содржини