Заев: Да се обединиме бидејќи режимот се згусна, ете ги Максо и Стевче во коалиција со ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

„Да се обединиме бидејќи режимот згусна, одат на купче и влегуваат „all in“. Во Куманово, ВМРО-ДПМНЕ го поддржа Максим Димитриевски. Тони Михајловски и Александар Николоски објавија сојуз со Максо, а тој се заблагодари за поддршката од режимското ВМРО-ДПМНЕ“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир на неговата партија во Скопје.

„Ние ништо не сме згрешиле во Куманово, туку сме го намирисале режимот и затоа Максо не е кандидат на СДСМ, туку на режимското ВМРО-ДПМНЕ. Сега е чиста ситуацијата таму, треба само да се излезе и гласа“ кажа Заев.

Тој додаде дека иста е ситуацијата и во Карпош, каде што битката помеѓу демократијата и режимот.

„Душко, Петре, Заев, сите ние и вие заедно, против Стевчо, ВМРО-ДПМНЕ. Против оние кои избегаа и од своите партии и од државата. Правда наспроти криминал, тоа е нашата борба“ заклучи Заев.

Слични содржини