Заев до СОНК: Повикувам на разумност

од Vladimir Zorba

Правиме се што е во нашите можности, ќе продолжиме да зборуваме за нови 10%, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали во рокот од 15 дена кој го даде СОНК пред најавениот генерален штрајк ќе успеат да се договорат со Синдикатот.

„Јас ги почитувам работничките права, јас сум левичар сакаме да имаме задоволни работници, тоа може да значи и поголемо пренесување на знаењето. Правиме максимални напори. Ќе разговараме било што. Сакам да испратам порака на разбирање, бидејќи сме свесни дека се ниски платите, ги правиве паралелите со целиот регион, но капацитетите на државата се тие. Два пати веќе зголемивме плати, апелирам до СОНК на разумност и за изнаоѓање на решение, го мотивирам министерот да продолжи да разговара за да се најде заедничко решение“, рече Заев.

Тој денеска во Средното училиште Здравко Цветковски – Гуц, каде заедно со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Сибил Сутер Техада и директорот на УСАИД во РСМ, Ерик Јановски учествуваа на настан за отпочнување на кампања за промоција на стручното образование и занимања рече дека како земја се обидуваме да го фатаиме чекорот со тоа што го прават западните земји со конечна цел поголема вработеност на мадите квалификувани за понатаму во животот и бизнис секорот да има квалификувана работна сила.

„Без тоа ќе биде кочница на развојот. Верувам дека сме на вистинските чекори, владата е посветена на тоа, особено министерството за обраозвание и министерството за труд и социјална политика со кои сакаме да ја постигнеме конечната цел, а тоа е поголема соработка со приватниот сектор, бидејќи се повеќе ќе може да се стекне практична квалификација. Јас верувам дека преку вашето присуство денеска ќе ја испратите пораката да стигне секаде по нашата земја, бидејќи дел од индината на нашата земја е преку средното стручно обраозвание“, рече Заев.

Слични содржини