Заев: Додека јас седам на ова интервју, Борисов седи во Советот на Европа

Во своето гостување на Топ тема, премиерот, Зоран Заев, се осврна на интервјуто кое предизвика реакции во јавноста, и посочи дека апсолутно го почитува европскиот наратив, односно наративот на пријателски односи.

„Апсолутно сум свесен, додека седам јас тука, Борисов седи во Советот на Европа. Секое отворено поглавје, значи подобро судство, администрација и европски вредности. Да не се заборави минатото, но да се прости и да се гледа иднината е европски наратив. Не можеме да пишуваме бугарски фаштистички окупатор, туку само фашистички окупатор. Нема дилеми дека Македонија била окупирана од фашизмот. На крајот од денот, не учевме во учебниците дека имавме соработници од внатре во фашизмот“, вели Заев.

„Ако сакаме да градиме пријателство, употребував европски зборови. Јас не сум едуциран историски, а сега дополнително морав да се подготвам поради преговорите“, додаде премиерот.

Слични содржини