Заев: Европа ги реши прашањата на европски начин, време е и Балканот да ги реши прашањта на европски начин

Премиерот, Зоран Заев на денешната конференција посветена на стартот на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интрнешнл фреш фуд“, беше запрашан за синоќешното интервју за кое имаше бурни реакции дадено за БГНЕС.

Имено, на новинарско прашање, кое е дообјаснувањето на интервјуто, и зошто е негиран историски факт, а окупатор е збор сменет со администрација, премиерот вели:

„Царска Бугарија во 1941 година застанува на страната на Тројниот пакт на фашизмот. Во тие моменти никој не ги праша Бугарите на реферндум каква е нивната определба за да можеме цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка. И во нашата Македонија имаше соработници на фашистите, домашни предавници. Европа ги реши прашањата на европски начин, време е и Балканот да ги реши прашањта на европски начин. Да простиме, но да не заборавиме. Окупацијата од страна на фашизмот била присутна насекаде низ Eвропа и низ светот и тоа не е причина да велиме цел еден народ дека е окупатор, затоа велам администрација, затоа што тогашното раководство на царска Бугарија се приклучила на тројниот пакт. Но, денеска да зборувате за фашистичка Бугарија или фашистичка Германија, тоа не е поглед кон иднината. Прашањето е дали ги користиме вистинските зборови за да градиме иднина“, истакна Заев.

Слични содржини