Заев: Гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени во Договорот за добрососедство со Бугарија

од Берта Китинска

Гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија, тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ, изјави денес премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева дека освен прашањето за Гоце Делчев Бугарија го официјализира и јазикот како отворено прашање со Македонија и која побара тоа да се решава во рамки на Договорот за добрососедство.

-Сите тие документи и коментари кои што излегуваат се само желба за решавање на четвртото историско поглавје или шестата историска личност која што може да биде одлична можност да не сплотува, да не зближува, да го јакне пријателството.Ќе бидеме внимателни во коментарите заради тоа што знаеме дека треба да постигнеме решение кое што ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и на Северна Македонија и на Бугарија.Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ја посети Бугарија и ќе биде претходница на посетата која тој ќе ја оствари на Бугарија до крајот на овој месец или во почетокот на наредниот, рече премиерот Заев.

 

Слични содржини